Моќна диета со кисело млеко со 3 ефекти: Го забрзува метаболизамот, прочистува од токсини и ги согорува масните наслаги
Кога сакате да ослабнете, најлесниот начин тоа да го сторите е со кисело млеко. Диетата со кисело млеко се смета за најбрзата, најбезопасната и дури и корисна опција за елиминирање на вишокот килограми.
Диетата со кисело млеко се практикува многу лесно, при што може да ја започнете кога сакате, а истата не само што ќе ве ослободи од несаканите вишок килограми, туку и ефикасно ги согорува масните наслаги, му обезбедува на организамот доволно количество на калциум, го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува црвената микрофлора.
Диетално мени со кисело млеко
- Појадок: Кисело млеко со парчиња незасладено овошје
- Ужина: Разреден сок или кисело млеко
- Ручек: 100 гр чисто месо, зеленчукова салата (краставици и домати зачинети со зачини и сок од лимон) и кисело млеко
- Ужина: Кисело млеко со овошје или зеленчуци
- Вечера: Варени или печени зеленчуци, кисело млеко со овошје
Практикувајте ја диетата 2 недели, а потоа направете пауза од 1 недела, следно повторете ја диетата, направете пауза и пак повторете. По 2 месеци ќе ослабнете и конечно ќе го прочистите вашето тело од сите штетни токсини.
Доколку сте склони кон дигестивни заболувања или страдате од алергија кон еден од производите од менито, тогаш ве советуваме да не ја започнувате оваа диета, туку да ослабнете со соодветната исхрана за вас.