Во Англија велат дека кога животот ви дава лимони, направете лимонада. Но, експертите за чистење велат ако имате повеќе лимони, направете пролетно чистење!

Денес ви откриваме како да подготвите домашен лимонски оцет, благодарение на кој ќе ги отстраните и најтврдокорните масни наслаги и ќе ја елиминирате непријатната мирис во домот.

Лимонски оцет

Потребни состојки

  • 500 мл оцет
  • 2-3 големи лимони
  • 2-3 стракови рузмарин или нане

Начин на подготовка

Прецедете го сокот од лимон и исипете го во стаклена тегла. Во садот додадете ги и корите, претходно исечени на парчиња и додадете и малку рузмарин. Во рерна или микробранова печка, загрејте го оцетот, а откако ќе зоврие, додадете го во смесата со лимон и добро измешајте.

Следно, целосно затворете ја теглата и оставете го оцетот да отстои 1 ден. Потоа, едноставно прецедете го средството.