Зошто жените над 40 години се неверојатни
Дамата која има наполнето 40 и повеќе години, веќе нема желба да го прашува нејзиниот партнер за што размислува и што тој сака. Таа не се интересира што нејзиниот партнер сака во моментот.
Ако не сака да гледа фудбал со него, нема да седи пред телевизорот и да му приговара. Наместо тоа, ќе прави нешто што самата таа го сака.
Жената над 40 години се познава самата себеси и е сигурна во тоа, што е најдобро за неа, што точно сака и од кого го сака. Многу малку дами над 40 години се занимаваат со тоа што мислат останатите за нив.
Дамата над 40 години е достоинствена. Таа никогаш нема да започне караница со нејзиниот партнер на јавно место. Таа е зрела и ќе го пофали својот партнер, дури и тогаш кога тој не заслужува.
Жената над 40 години самоуверено ќе го запознае партнерот со пријателките и воопшто не се плаши доколку некоја од пријателките не го одобри нејзиниот избраник, бидејќи знае дека пријателките се секогаш тука за неа.
Дамите со текот на годините добиваат и одредена способност веќе да ги предивидат работите. Не треба пред дамата над 40 години да ги признавате или пак, спротивно да се обидувате да ги сокривате вашите гревови, бидејќи таа веќе ги знае.
На дамите над 40 години неверојатно добро им стои црвен кармин, а откако и сфатат дека брчките не значат ништо, тогаш двојно се зголемува нивната самодоверба.
Да, постојат толку многу причини зошто да ги обожаваме дамите над 40 години и секогаш да ги цениме, бидејќи нивната самодоверба и убавина е изградена на многу разни искуства, меѓу кои и лоши моменти, од кои денес ја извлекле поуката и ја научиле нивната вредност.