Домашна облога со ѓумбир која ќе ја истисне и последната масна наслага од стомакот, за само неколку недели
Кога топлите денови започнуваат, повеќето луѓе размислуваат и се грижат околу летниот одмор, особено за фигурата, која во текот на зимските денови малку повеќе ја занемариле.
Доколку сте склони кон лесно добивање на вишок килограми и постојано се борите со регулирање на телесната тежина, тогаш ви предлагаме да ја пробате оваа топла облога, која буквално ќе ги согори сите масни наслаги околу стомакот.
Домашна облога со ѓумбир за рамен стомак
Ќе ви биде потребно
- 1 супена лажица свежо изрендан ѓумбир или ѓумбир во прав
- Неколку капки лосион за тело
- Фолија
- Крпа
- Еластичен завој
Начин на подготовка и употреба
Потопете ја крпата во топла вода и поставете ја околу делот од стомакот, каде планирате да ја поставите облогата и оставете ја топлата крпа да дејствува неколку минути, за да се отворат порите.
Измешајте го ѓумбирот со лосионот и нанесете дебел слој од добиената смеса. Потоа завиткајте го стомакот неколку пати со фолијата, а одозгора поставете еластичен завој.
Оставете ја облогата да дејствува 4 часа, а доколку можете и подолго време, тоа би придонело за уште подобри резултати.
Не грижете се доколку почувствувате мало непријатно чувство, тоа е знак дека облогата дејствува ефикасно. Истовремено, резултатите на облогата може да ги зајакнете и да ги забележите многу побрзо, доколку навремено ја регулирате и исхраната.