Зошто жените ретко се одлучуваат да го направат првиот чекор во една врска? Затоа што не секогаш се сигурни дека нивните чувства се возвратени.

Но, доколку обратите внимание на говорот на телото, тогаш може да разберете многу. Токму за оваа цел го подготвивме следниот љубовен тест, преку кој може да ги тестирате вашите способности за препознавање на гестовите.

Добро погледнете ја следната фотографија и одговорете на прашањето: Во која од трите жени е вљубен мажот на фотографијата?

96% од луѓето не можат да го откријат точниот одговор.

Одговор:

Алан Пиз во својата книга посветена на говорот на телото ни открива како да ги читаме туѓите мисли преку нивните гестови, односно вели дека постојат многу сигнали кои покажуваат дека мажот има скриен интерес кон една жена.

И ако некои од нив (како на пример, проширени зеници, задржан поглед повеќе од 5 секунди итн) лесно може да се воочат, како може да го откриете интересот на мажот кога е во друштво со повеќе жени?

Ова е сосема возможно и лесно. Повторно погледнете ја фотографијата и обратете внимание на каде се насочени врвовите на обувките на мажот, односно соодветно на врвовите на неговите стапала.

Според Алан Пиз, овој дел од машкото тело вообичаено е насочен кон жената кон која мажот во моментот е најмногу заинтересиран.

Во нашиот случај, станува збор за жената со број 3.