ТЕСТ: Како ќе ја отворите витрината без да паднат чиниите?
Оваа витрина предизвика вистинска бура од реакции на Интернет, а причината за ова е и повеќе од интересна! Како вели модерната изрека: „Кога Гугл не може да ви помогне, напишете на Фејсбук.“
Во ваква слична ситуација се нашла и оваа жена, која ја претставила нејзината безнадежна ситуација поради која е во огромна дилема. Нејзината објава достигна повеќе од 16,000 споделувања и над 500 коментари.
Таа бара едноставен одговор на една многу комлицирана ситуација.
Како ќе ја отворите витрината без да падната чиниите?
Во продолжение прочитајте ги 5-те најсмешни одговори од Интернет корисниците:
- „Постави ја витрината на грб и отстрани го сето неопходно,“
- „Отвори шише добро црвено вино, пиј малку и почекај го сопругот да се врати. Потоа започни кавга за ништо и брзо отиди отвори го шкафот. Вината целосно префрли му ја нему! Тој ќе ти се извини и ќе ти купи нов комплет на чинии“
- „Ако обожаваш сложувалки, купи лепило, отвори ја вратата и ќе имаш ново хоби со кое ќе се занимаваш цела година.“
- „Наполни ја целата куќа со вода, а потоа безбедно отвори ја вратата.“
- „Сето зависи од цената. Ако чиниите се евтини, отвори ја вратата, ако се скапи, само скрши го стаклото на витрината.“