„Сите несакани влакна ги отстранувам на овој домашен начин – Без болка и со долготраен ефект“
Сон на речиси секоја жена е да има беспрекорна кожа, а под тоа се подразбира и кожа без несаканите и здодевни влакна. А во момент како овој, кога козметичките салони не се опција, еве како лесно да се справите со овој проблем.
Денес ви го претставуваме најдоброто домашно и природно решение како да ги елиминирате несаканите влакна во еден чекор, а истовремено третман благодарение на кој ќе го забавите нивниот раст.
Домашна депилација на лице од шеќер и лимон
Лимонот има моќ ефикасно да ги отстрани слабите влакна од кожата, со тоа што ги стимулира сами да паднат. Не заборавајте дека лимонот поради неговите својства може да ја осветли вашата кожа, па затоа бидете внимателни.
Потребни состојки
- Сок од половина лимон
- 10 супени лажици вода
- 2 супени лажици шеќер
Начин на подготовка и употреба
Додадете ги сите состојки во еден сад и користејќи пластична или дрвена лажица, добро измешајте ги истите. Нансете ја добиента смеса врз посакуваната зона и оставете ја да отстои 20 минути.
На крај измијте ја кожата со топла вода.
Домашна депилација на нозе од камфор и црн пипер
Овој рецепт е особено корисен доколку сакате да ги отстраните и најцврстите влакна од вашите нозе.
Потребни состојки
- 2 супени лажици камфор
- Малку бадемово масло
- 2 супени лажици црн пипер
Начин на подготовка и употреба
Сомелете ги црниот пипер и камфорот, до добивање на фин прав. Додадете малку бадемово масло и добро измешајте ги сите состојки заедно. Нанесете ја добиената смеса во обилно количество, со цел да ја покриете целата област која сакате да ја депилирате.
Оставете ја пастата да отстои на нозете 15 минути, а на крај исплакнете со топла вода.