Аристократија за време на пандемија: Еве како изгледа доставата на храна за некои Австријци
Кога ќе се спомене Виена, речиси на секој на ум му доаѓаат величествените згради и кралски кочии, водени од елегантни коњи. За жал, оваа главна атракција на австралиската престолнина во моментот не се користи.
А ова се должи на пандемијата, поради која сега ги нема вообичаените туристи, кој најчесто со кочиите ги разгледуваат убавините на градот.
Но, од пред неколку дена, Виенчанците пронајдоа нов начин како да ги искористат кочиите и да го олеснат секојдневието во градот, кој исто така во голема мера е погоден од коронавирусот.
Слично како во минатото, кога храната била разнесувана преку кочии, така и денес досетливите одговорни претставници на градот го искористиле истиот начин за да ги задоволат потребите на своите граѓани.
Со кочиите се разнесува бесплатна храна на возрасните лица, кои спаѓаат во најризичната група, која е склона најлесно да се зарази со вирусот.
„Нема туристи, ниту било каков туристички бизнис. Возрасните луѓе се во нивните домови, а на коњите им е потребна прошетка, па затоа решив да го комбинирам корисното со убавото и да им помогнам на оние на кои им е најпотребно.“ – вели Кристијан Герзабек, одговорен за кочиите.