7 златни совети како сами дома да ја бојадисаме нашата коса и да изгледаме како да сме излегле од фризерски салон
Бојадисувањето коса во домашни услови е вистински предизвик, кој може да биде успешно завршен, само е потребно да знаете одредени трикови. За да ви го олесниме процесот, денес ви откриваме како тоа да го сторите.
Во продолжение следува листа од најчестите грешки и златни совети како бојадисувањет дома да резултира совршено, според препораките на светските експерти Стефани Џонсон, Џули Фитарман и Беки Старм.
1. Сакате драстична промена на бојата
„Ова е најлесниот начин како веднаш да погрешите во бојадисувањето, а потоа да потрошите пари на корекција во фризерскиот салон. Успешни резултати би имале само кога би биле вистински експерт за бои. Во спротивен случај, не им препорачувам на жените да експериментираат со драстични промени во бојата, во домашни услови.“ – вели Џонсон.
2. Сте избрале погрешна боја
Најголемиот проблем со боите на полиците во продавниците е тоа што создаваат погрешна слика за повеќето бои, при што се добива сосема различен резултат од оној кој сме го посакувале.
На пример, земата боја на чије пакување пишува дека ќе се добие златна нијанса, а откако ќе ја бојадисате, вашата коса добива протокалов тон.
„Професионалните фризери знаат кои бои треба да ги измешаат за совршен резултат. Затоа и пред домашното бојадисување, најдобро е да потражите совет од фризер или да изберете нијанса која најмногу одговара на вашиот тен.“ – вели Фитерман.
3. Не ги знаете правилата
Најверојатно се прашувате „Кои правила?“. Бојадисувањето на косата е комбинација од искуство и наука. Златното правило е дека не се нанесуваат различни бои едни врз други. „Ако бојата на вашата коса е пример да речеме, темно чоколадна, но барате посветол тон, пример медено златен, не мислете дека новата боја веднаш ќе ја омекне и покрие првата боја. Ова дополнително ќе ја затемни вашата коса, а само ќе ги осветли корените.“ – објаснува Џонсон.
4. Мислите дека бојата нема да трае засекогаш
Ова е една од најголемите заблуди, според Фитарман. Според него, повеќето бои остануваат перманентни, без разлика што пишува на нивните етикети. „Бојата може да избледне, но сепак останува, а тоа се одразува на косата при нејзиното наредно бојадисување. Поради тоа од голема важност е првобитната боја која ќе ја изберете.“ вели тој.
5. Не се бојадисувајте кога сте под емоционален стрес
Можеби ви звучи чудно, но ова е факт. Раскинување со партнерот, отказ од работното место, лично незадоволство не се добар момент во кој треба да ја бојадисувате вашата коса. Последиците од она што после неколку чаши вино ви се чинело како одлична идеја, следното утро може да бидат катастрофални. Особено, доколку сте избрале навистина темна нијанса за да ја бојадисате вашата коса.
6. Не ја нанесувате бојата рамномерно
Ова е најчестата и најтешка грешка, која за жал, ја воочуваме дури откако процесот ќе заврши. Ова е и најголемата разлика меѓу бојадисувањето дома и во домашни услови. Најдобро е да се јавите на вашата пријателка или да замолите некој од вашите најблиски да ви помогне при бојадисувањето.
7. Ја бојадисувате бојата премногу често
Повеќето жени посегнуваат по фарбите за коса и четката, кога ќе забележат дека се потребни минимални корекции на косата, со цел да го заштедат нивното одење во фризерскиот салон. Но, повторното бојадисување е неопходно само тогаш кога влакната веќе пораснале.