„Веќе ми здодеа да ѝ помагам на ќерка ми! Сакам да живеам за себеси. Не планирав да се пензионирам, за да бидам бесплатна помош“
Многу луѓе кога ќе достигнат одредена возраст, започнуваат да се досетуваат на сето кое им се случувало во текот на годините. Особено на зрела возраст, ни станува јасно дека сме можеле да живееме многу повозбудливо.
Дека сме можеле да мислиме помалку на проблемите, а повеќе да се забавуваме, повеќе да одмараме, помалку да поминуваме време дома, а повеќе да шетаме.
Во продолжение прочитајте ја исповедта на возрасната жена и споделете го вашето мислење, кој е во право, во следната ситуација?
„Јас веќе имам 62 години. Се разведов од сопругот и долго време бев во депресија. Но, не се откажав, бидејќи одлучив дека сепак сум жива и здрава и животот продолжува. И времето кое ми преостанува ќе го живеам онака како јас што сакам.
На прво место, се пензионирав. Иако пензијата ми е мала, сега имам многу повеќе време за себе. Секој ден започнав да шетам, да читам книги. Започнав да се чувствувам спокојно и среќно, сè додека не пристигна ќерка ми.
Не беше среќна поради мојата одлука да ја оставам работата. Беше многу изнервирана, но воздржана. Порано речиси целата моја плата ја давав на ќерка ми, бидејќи таа никогаш нема пари, а нејзиниот сопруг има мала плата. Ниту еден од нив двајцата не се ни обидува да заработи повеќе, а веќе го очекуваат нивното трето дете. И сега јас престанав да им помагам финансиски.
Ќерка ми ме моли и преколнува да се вратам на работа или да започнам со друга полесна работа. Но, не се согласив. Во крајна сметка не сакам пари. Таа ми се налути и си замина. Четири недели подоцна ме замоли да се погрижам за внуците, додека да најде работа. Сфатив дека сака да им глумам слугинка во домот, што ме натера да се почувствувам лошо.
Сега одам кај нив 3 пати неделно, за да седам со внуците, а мојата ќерка живее на сосема спротивен крај од градот. Кога сум таму, не само што готвам, мијам и пазарувам за целото семејство, туку и ги шетам и целосно се грижам за децата, бидејќи ќерка ми ќе се врати премногу изморена.
Но, најважното е што таа никогаш не е задоволна од мене. Секогаш сум можела поубаво јадење да приготвам, секогаш ќе најде замерка во измиените садови и уште многу други критики. Веќе немам сили од неа и нејзиното семејство. Можам да помогнам, но не да помагам 24/7. Во крајна сметка, сакам да живеам за себеси. Не планирав да се пензионирам за да бидам бесплатна помош, особено на некој што тоа не го цени.“
Што мислите вие за целата ситуација?