Како да приготвите здрави пуканки кои ќе ја подобрат вашата меморија и ќе ја спречат депресијата
Денес ви откриваме како најдобро да ја приготвите храната која на сите нам ни е омилен избор за грицкање додека гледаме филм. Станува збор за пуканките, а еве како истите да ги направите најздрави за консумирање.
Мајра Алекрим е истакнат специјализиран нутриционист, од Америка и истата нè советува да ги приготвиме пуканките без масло и со малку сол. Притоа истата додава: „Она што предизвикува пуканките да ги загубат своите главни хранливи материи е начинот на подготовка“. Еве што таа препорачува:
Најдобриот начин за приготвување на пуканки
- Поставете 4 до 5 лажици пуканки во стаклен сад.
- Додадете 4 или 5 лажици вода.
- Додадете лажица сол.
- Покријте со пластична обвивка и со чепкалка за заби, направете дупки на обвивката.
- Поставете ги во микробрановата печка на 4 минути (во зависност од моќноста на уредот).
За да го збогатите вкусот на пуканките, препорачливо е да додадете зачини како мајчина душица, рузмарин или оригано во водата. „Пуканките направени со премногу масло или сол можат да придонесат за зголемување на телесната тежина и не се препорачуваат за лица со висок холестерол. Бидете внимателни со пуканките што се приготвени со многу путер и сол“, предупредува Акрим. Електричните машини за пуканки кои користат ниту вода, ниту масло, туку само топол воздух, се многу препорачливи за нивната подготовка.