Спиењето игра важна улога за целокупното здравје. Многу здравствени проблеми се предизвикани од недостатокот на сон и одмор. Просечно човек спие 7-9 часа во текот на ноќта, што значи повеќе од 25 години поминати во спиење, што јасно покажува колку е важен сонот. Според новите истражувања, сепак, не е важен само сонот, туку и позицијата во која спиеме, исто така е многу важна.

Позицијата на спиење влијае на нашето здравје на многу начини – влијае врз крвниот притисок и може да ги реши проблемите како синусни инфекции и болки во грбот. Еве неколку позиции за спиење, кои можат да ги олеснат различните проблеми и болки:

Болка во вратот

За да се ублажи болката во вратот, треба само да поставите завиткана крпа под вратот.

Болка во грбот

Според научниците, болката во грбот може да се ублажи со ставање на завиткана крпа под половината и перница под колената.

Болка во рамото

Избегнувајте го заспивањето на болната страна и спијте со свиткани нозе. За да се чувствувате поудобно, можете да ставите перница пред градите и да ставите друга меѓу колената.

Менструална болка

Ако страдате од болки и симптоми поврзани со ПМС, треба да спиете на грб со перница под колената. Ова ќе ја спречи болката во ‘рбетот и ќе ви помогне да добиете мало олеснување.

Главоболка

Положбата на спиење може да ја олесни или да ја влоши главоболката. Експертите сметаат дека главоболката се должи на свиткување на вратот за време на спиењето, па за да го спречите тоа, треба да ја заобиколите главата со перници, како што е прикажано на сликата.

Висок крвен притисок

Според едно истражување, сонот на стомак со лицето надолу може значително да го намали крвниот притисок. Ние сепак прво Ви предлагаме да се консултирате со лекар за да се информирате за општата состојба на крвниот притисок.

Синусни проблеми

Во случај на инфекции на синусите, треба да спиете со малку подигната глава, за да спречите навлегување на слуз во синусите и да причините дополнителни проблеми.

Дигестивни проблеми

За да го стимулирате варењето и да не дозволите било какви проблеми со варењето, треба да спиете на левата страна. Тоа го подобрува дигестивниот процес и ќе ви овозможи да спиете подобро.

Киселини

За намалување на киселините, треба да спиете на левата страна.

Како што гледате, начинот на спиење навистина може да го подобри вашето целокупно здравје. Пробајте некои од наведените пози за спиење за дадените здравствени проблеми и споделете ги Вашите искуства. Ние би сакале да слушнеме од Вас!