Оваа домашна смеса ќе ја врати „во живот“ вашата исцрпена коса – Дури и бојадисаната
Оваа чудесна домашна маска ќе ви помогне значително да ја обновите и да ја зајакнете вашата оштетена коса и косата исцрпена од разните третмани. Маската одговара на секој тип на коса.
Истовремено истата ефикасно го спречува косопадот и го стимулира растот на косата.
Домашна маска за целосно и ефикасно обновување на косата
Потребни состојки
- 1 супена лажица топло млеко
- 1 кафена лажица мед
- 7 гр сув или 20 гр обичен квасец
Начин на подготовка и употреба
Во 1 супена лажица топло млеко растворете 1 кафена лажица мед, а потоа додадете го и квасецот. Оставете ја смесата на топло да ферментира, 15-20 минути.
Добиената маска нанесете ја врз чиста, влажна коса, а потоа завиткајте ја со најлонско ќесе и крпа. Оставете ја маската да дејствува 1 час (може и подолго, 2 часа, колку подолго, толку подобро), а потоа измијте ја косата со топла вода.
Благодарение на квасецот кој го содржи, маската придонесува за зголемено примање на количеството на витамини, протеини и минерали кои се неопходни за растот на косата, кои воедно ја зајакнуваат косата.
Употребувајте ја маската 2 пати неделно.