Тестото со млеко обично се подготвува неколку часа пред печење, а потоа следува долго чекање за да нарасне! Па, рецептот што ви го нудиме денес, го сведува чекањето до минимум.

Ова тесто се нарекува француско тесто и се смета за најдобро тесто за печење. Еве како се прави:

Состојки:

50 гр. квасец

1/2 лажиче сол

200 мл млеко

2 лажици шеќер

200 гр. маргарин или путер

500 гр. брашно

Подготовка:

Издробете го квасецот со солта и шеќерот. Истурете топло млеко и промешајте. Додадете стопен путер / маргарин и со постепено мешање додавајте брашно. Месете.

Добиеното тесто откако ќе излади ставете го во фрижидер најмалку половина час.

Предностите на ова тесто се неспорни. На прво место, тестото може да се чува во фрижидер најмалку една – две недели и трпеливо да чека да го користите. Второ, сите кифли и други производи од него остануваат долго време меки и ароматични.