Маж остана со скршено срце откако дозна дека вистинскиот татко на неговата ќерка е 13-годишно момче
21-годишниот Даниел Робинс сметаше дека има совршен живот со неговата сопруга, 20-годишната Леа Кордице. Кратко време по склопувањето, бракот на младиот пар беше крунисан со нивното прво дете.
Иако Даниел не беше подготвен волку рано да биде во брак, сепак тој беше и повеќе од спремен да биде татко на слаткото девојче.
Парот се запознал во 2015-та година, но во 2017-та одлучиле да направат кратка пауза.
Во тоа време, 17-годишната Леа се пријавила да биде бејбиситерка, при што било предвидено да се грижи за 13-годишно момче. Но, наместо тоа, Леа ја искористила својата позиција и и го злоупотребила момчето. Таа продолжила да има односи со истото два до три пати месечно, а воедно дури и откако се вратила заедно со Даниел, таа уште ја одржувала врската со младото момче. Постојано му испраќала пораки велејќу му дека е сладок, па дури и дека го сака.
Набрзо, Леа забременила и веста веднаш му ја соопштила на Даниел.
„Не планирав да станам сопруг и татко толку млад, но во тој момент бев сигурен во тоа што правам, јас бев самоуверен. Воедно, не можев себеси да се видам со друга. Леа ја има целосната моја доверба, а сега беше бремена. Зошто да не стапиме во брак? Тоа е сосема правилно“- раскажува Даниел, кој верувал дека бебето е негова одговорност и сакал да се ожени пред истото да се роди.
По малата церемонија, парот замина на меден месец во Виндзор. А потоа на свет дојде и малото девојче.
„Денот кога се роди бебето, и сè уште е, најдобриот ден во мојот живот. Гледајќи како таа доаѓа на свет, го смени моето гледиште за љубовта, ми го отвори умот. Уживав во секој момент на татковство, навистина. Тоа беше најдобро време … сèдо тестот за ДНК“- вели Даниел.
Тестот за утврдување на татковствтот открил дека Даниел не е татко на девојчето, туку 13-годишното момче, кого Леа го злоупотребувала со месеци. 21-годишната мајка сега се наоѓа во затвор, а скршениот Даниел вели дека едноставно не можел да поверува што му се случило, бидејќи сметал дека неговиот живот е бајка.