Медицинска диета: 5 килограми за 5 дена – Лесно мени со кое нема да се чувствувате гладни
Оваа едноставна диета овозможува губење на 2 до 5 килограми за 5 дена или до 10 килограми за 3 недели. Она што ја прави оваа диета чудесна е тоа што во текот на нејзиното држење нема да се чувствувате гладни и без енергија.
Ова се должи на фактот што истата содржи доволно количество на витамини и минерали. Диетата се повторува 3 пати, по 15 дена пауза, доколку имате повторно потреба од истата, односно во зависност од вишокот на килограми кои сакате да ги симнете.
5-дневно мени
Прв ден
- Појадок: 1 портокал, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
- Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, половина шолја кисело млеко
- Вечера: 2 домати, 2 сварени јајца, 1 краставица или половина зелена салата
Втор ден
- Појадок: 1 портокал, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
- Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, половина шолја кисело млеко
- Вечера: 1 бургер (125 гр мелено месо), 1 портокал, 1 домат, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
Трет ден
- Појадок: 1 портокал, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
- Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, половина шолја кисело млеко, 1 зелена салата или 2 краставици, напиток без шеќер
- Вечера: 1 бургер (125 гр мелено телешко месо), 1 портокал, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
Четврти ден
- Појадок: 1 портокал, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
- Ручек: 125 гр пресно сирење, 1 домат, 4 бисквити
- Вечера: 1 бургер (125 гр мелено телешко месо), 4 бисквити, 2 домати, 1 јаболко
Петти ден
- Појадок: 1 портокал, 4 бисквити, 1 шолја кафе или чај без шеќер
- Ручек: 200 гр варена риба или пилешко месо, 4 бисквити, 1 домат
- Вечера: 500 гр варени зеленчуци, 1 варено јајце, 1 домат
Дополнителни совети
Месото и зеленчуците слободно може да ги зачините со некаков зелен зачин, по ваш избор. Неопходно е месото да биде испечено во тефлонска тава, за да се намали потребата од дополнителни масти. Свежите домати може да ги замените со варени и воедно храната треба да се консумира токму по дадениот редослед.