Моќна диета која го забрзува метаболизамот, го прочистува организамот од токсини и брзо ги согорува наталожените масти
Кога сакате да ослабнете, без многу труд, тогаш тоа ефикасно и најлесно ќе го сторите со киселото млеко. Оваа диета се смета за најбрзата и безопасна за елиминирање на прекумерената тежина. Сето ова се должи на моќни својства на чудесниот производ.
Диетално мени со кисело млеко за брзо слабеење
- Појадок: Кисело млеко со парчиња незасладено овошје
- Ужина: Разреден сок или кисело млеко
- Ручек: 100 гр чисто месо, зеленчукова салата (краставици, домати, зачини) зачинета со сок од лимон, кисело млеко
- Ужина: Кисело млеко со овошје или зеленчуци
- Вечера: Варени или печени зеленчуци, кисело млеко со овошје.
Практикувајте ја диетата во рамките на 2 недели, потоа направете пауза од 1 недела, повторете ја диетата, направете пауза и повторно повторете. По 2 месеци ќе ги добиете посакуваните резултати, а воедно вашиот организам ќе биде прочистен од штетните токсини.
Правила на диетата со кисело млеко
Најпрво, во текот на денот потребно е да консумирате 500 гр кисело млеко, поделувајќи го количеството на 5 дела. Второ, неопходно е исто така во текот на денот да внесувате 400 гр свежи, незасладено овошје.
Трето, кон диетата со кисело млеко, додадете и огромно количество на зеленчук, со приготвување на зеленчукова салата.
Четврто, не заборавајте да пиете многу течности. Се препорачува да се пие зелен и црн чај, без засладувачи, како и вода. Потребно да внесувате околу 1,5 литри течности дневно.
Петто, не заборавајте на ужините меѓу оброците. За оваа цел изберете природни сокови (портокал, јаболко или грејпфрут), кои треба да се разредат со преварена вода при собна температура и тоа во сооднос 1:2 вода во сок.