Со овој трик, ако сте купиле рози од цвеќара или ви ги подариле, лесно може да ги засадите и истите да пуштат корени
Тоа што не се градинар, не значи дека не може да засадите прекрасна роза. Токму денес ви откриваме како лесно може да ги расадите розите и истите да пуштат корени.
Розите се сечат така што не треба да останат цветови по стеблата, кои инаку треба да бидат долги 25 центиметри. Местото каде розите се исечени се премачкува со восок. Исто така исечете ги и листовите и оставете го само стеблото.
Расадување на рози
Кон 1 литар вода додадете 1 супена лажица мед и измешајте до целосно растворање на медот. Земете го стеблото од роза и поставете го во добиениот раствор да отстои 12 часа, при што неопходно е 1/3 од стеблото да е во водата.
Следно, преместете го во друг сад, така што, стеблото да биде до половина потопено во водата.