Хит диета која го освои светот – Три дена = минус 5 кг: Едноставно вреди да се проба
Станува збор за диета со тиква. Уште подобро е доколку оваа едноставна диета се практикува 3 последователни дена, потоа се направи пауза од 1 недела и така уште 2-3 повторувања.
Резултатите се неверојатни, а токму тоа ја прави тиквената диета извонредна. Единствениот нејзин недостаток е што е монотона. По правило, дозволено е да консумирате тиква во текот на целиот ден, во секаква форма, а во дневното мени кое дозволува консумирање на максимум 2 килограми тиква, се внесуваат вкупно само 700 калории.
За појадок и вечера се препорачува печена тиква, која најдобро е да ја зачините со цимет (кој значително го забрзува метаболизамот), а за ручек може да приготвите вкусна порција од варена тиква или тиквено пире, кое може да го посолите и да го комбинирате заедно со 300 грама свежи зеленчуци по ваш избор.