Супер рецепт за витаминска „бомба“, која брзо и ефикасно го прочистува телото од токсини и го зајакнува имунитетот
Лесно пригответе го овој чудесен напиток во домашни услови, кој брзо и ефикасно ќе го прочисти вашиот организам и ќе ви помогне да се ослободите од токсините. Неговиот богат вкус го прави дополнително извонреден!
Наталожувањето на токсините во телото е најчестата причина за појава и развој на различни заболувања, бидејќи токсините им штетат на природните процеси во организамот, при што човекот се чувствува исцрпено, а воедно неговиот имунулошки систем значително опаѓа.
Со цел да ги избегнете овие проблеми, ви предлагаме да пробате еден многу лесен домашен рецепт, кој е вистинското природно решение.
Витамински коктел за зајакнат имунитет и прочистен организам
Потребни состојки
- 1 банана
- 3 супени лажици изренадан ѓумбир
- Половина исечено манго
- Полвина портокал
- 100 мл вода
Начин на подготовка и употреба
Додадете ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги, до добивање на хомогена смеса. Доколку вашиот коктел е премногу густ, може да додадете уште малку вода. Доколку сакате да биде поблаг на вкус, додадете 1 кафена лажица мед.
Оваа вкусна витаминска „бомба“ се пие наутро и навечер, пред вашите оброци.