„Една пријателка – цвеќарка ми откри како да одгледам лимон од семка. Тоа било навистина лесна работа!“
Доколку сакате да се храните здраво и органски, тогаш најдобро е произиводите да ги одгледувате сами дома. За оваа цел, денес ви откриваме како неверојатно лесно да одгледате лимон во домашни услови.
Ако отсекогаш сте мечтаеле да имате лимонско дрво во вашиот дом, сега е време да го остварите овој ваш сон. Неговото одгледување не е воопшто тешко, само е потребно да знаете неколку работи.
Купете неколку лимони, исечете ги и извадете ги најголемите семиња. Истите потопете ги во вода.
Откако семињата ќе отстојат малку во вода, со помош на пинцета, отстранете ја нивната горна обвивка.
Потопете ги семињата во вода и оставете ги да отстојат 7 дена. Не заборавајте да ја менувате водата секој ден.
На дното на саксијата поставете ситни каменчиња, а одозгора додадете почва, која треба да е добро потхранета. Засадете ги семињата, така што нивниот заострен крај треба да е од долната страна.
Одозгора повторно поставете каменчиња.
Напрскајте ги камењето со вода.
Поставете ја саксијата на топло место. Кога растението ќе започне да ‘рти, прскајте со вода на секои 2-3 дена.