„Со само 2 состојки успеав да ги отстранам сите масни дамки од килимот и тоа на сосема природен начин“
Колку и да е уреден и опремен еден дом, секогаш постои еден елемент што значително го прави поудобен, а тоа е килимот. Но, неговиот најголем недостаток е чистењето, кое понекогаш е невозможна мисија.
Иако најдобро со неговото чистење може да се справат професионалците, ние денес ви откриваме лесен домашен начин со подеднаков моќен ефект.
Станува збор за домашна смеса од вода и сода бикарбона. Измешајте ги состојките во количество колку што сметате дека ви е потребно, а добиената смеса нанесете ја врз замастените дамки на килимот. Оставете ја истата да дејствува 20 минути, а потоа со обична четка истријте ја валканата зона.
Оваа смеса е одлично оружје против малите масни дамки, а сите ја обожаваат поради нејзината ефикасност и безопасност.