Кејт Мидлтон објави слатки фотографии од принцезата Шарлот по повод нејзиниот 5-ти роденден
Британската принцеза Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во Саботата, на 2-ри мај наполни 5 години. Иако поводот не можеше да се прослави со голема забава, како што доликува, поради мерките на претпаливост, сепак беше одбележан на посебен начин.
Самата војвотка Кејт лично ја фотографираше нејзината ќерка, а низата преслатки фотографии беа објавени на официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство.
Кејт е позната во јавноста по нејзините фотографски вештини, а истата родендените на своите деца ги одбележува токму на овој уникатен начин. Во продолжение погледнете колку само пораснала малата принцеза Шарлот: