Нашето тело секојдневно ни испраќа специјални сигнали доколку настане необична промена во нашето тело и општо ни дава до знаење каква е нашата здравствена состојба.

Еве кои 5 важни сигнали во ниту еден случај не треба да ги занемаруваме, а кои можат да ни го спасат животот:

1. Урина

Во првата утринска урина може да се откријат разни инфекции, како и бременост. Конкретно, во урината се наоѓаат 70% од параметрите кои ја откриваат општата здравствена состојба на телото. Нејзината боја и мирис се важен показател на кои секогаш треба да обратиме посебно внимание, доколку забележиме дека настанале неовообичаени промени.

2. Заби

Покрај тоа што го контролираме здравјето на забите со редовна посета на забар, со домашниот секојдневен преглед можеме многу нешта да дознаеме од истите. Односно, промените во устата може да бидат првиот индикатор за заболувања на срцето, белите дробови, дигестивниот систем и други делови од телото. Доколку забележите необични промени, веднаш посетете лекар.

3. Телесна тежина

Зголемувањето или губењето на телесната тежина е феномен кој се случува во текот на целата година, а највеќе зависи од начинот на живот и стресот. Наглите промени во тежината не треба да ги игнорираме. Доколку за краток временски период сте добиле вишок килограми, ова може да се должи на хормонски дисбаланс или проблеми со штитната жлезда, задржување на вода во организамот за време на бременост или пак може да означува проблеми со срцето и бубрезите. Истото важи и за губењето на тежината.

4. Кожа

Кожата е секојдневно изложена на различни влијанија и токму затоа од голема важност е да ги следиме промените кои се случуваат на нејзината површина. По туширањето и пред нанесувањето на козметичките средства, важно е да ја прегледаме кожата детално и доколку забележиме значително промени како промена на бојата, појава на дамки и слично, треба да направиме лекарски преглед.

5. Нокти

Ноктите може да бидат многу елегантен детаљ на рацете, но нивната функција е многу повеќе од само убав надворешен изглед. Малите и големи промени во рацете и ноктите може да бидат индикатор за разни заболувања. Доколку забележите дека вашите нокти се промениле во однос на формата, текстурата или бојата, отидете на лекар, за да се утврди точната причина за тоа.