Летото се приближува, а со омилената сезона на сите доѓааат освежителните напитоци и неодоливиот сладолед. Токму за оваа цел, денес ви откриваме како истиот најлесно може да го приготвите во домашни услови.

Домашен сладолед

Летото се приближува, а со омилената сезона на ситедоѓааат освежителните напитоци и неодоливиот сладолед. Токму за оваа цел, денесви откриваме како истиот најлесно може да го приготвите во домашни услови.
Total Time30 minutes
Course: Десерт
Cuisine: италијанска
Клучни зборови: домашен сладолед, сладолед
Servings: 4

Ingredients

  • 250 гр јагоди
  • 40 гр путер
  • 80 гр шеќер
  • 450 мл павлака
  • 250 гр кондензирано млеко

Instructions

  • Исечете ги јагодите на 4 дела. Доколку овошјето езамрзнато, неопходно е прво да го оставите да отстои 5 минути во чинија, апотоа да ја прецедите растопената вода. Следно, растопете го путерот на слабоган.
  • Додадете ги јагодите кон путерот и добро измешајте гисостојките. Додадете го и шеќерот и варете го овошјето 10 минути, притоа одвреме на време мешајте ја смесата.
  • Изматете ја павлаката. Започнете со помала брзина намиксерот, а потоа постепено зголемувајте ја. Колку постудена е павлаката, толкупобрзо истата ќе се измати. Додадете го кондензираното млеко и измешајте гисостојките со силиконска шпатула.