Бела Имела во борба против рак на панкреас
Истражување во Србија спроведено на 20 пациенти покажало дека екстрактот од бела имела може двојно да го зголеми времето на преживување кај пациентите болни од рак, особено рак на панкреасот. Резултатите од истражувањето се добиени од пациенти кои имаат напредна форма на рак на панкреасот кој веќе метастазирал.
Инекции во кои се наоѓа екстракт од бела имела биле претходно одобрени од страна на германска регулаторна агенција, но не биле користени против болеста, туку само како тераија против малигни тумори.
Во текот на истражувањето пациентите примале по 3 инекции неделно од 0,01 до 10 милиграми, над 22 дози. Пациентите кои што можеле да преживеат најмногу 3,2 месеци преживеале 6,6 месеци со помош на овој третман со имела. Нус појави биле забележани кај 16 пациенти кои што биле подложени на третманот со бела имела, но лекарите тврдат дека тоа нема врска со терапијата. Додека пак кај пациентите кои не ги земале овие инекции имало 53 пациенти со нус појави од лекувањто.
Белата имела е веќе добро позната за лекарите при лекувањето на разни видови на рак. Ова не е прво истражување каде што имелата покажала неверојатни резултати. Исто така белата имела се покажала полезна и за: рак на дојка, матка, дебело црево, јајници, желудник и бели дробови.