Овие 10 мажи ги трансформираа нивните тела на 50-годишна возраст и докажаа дека годините се навистина само бројка
Стареењето е нормален и природен процес и дел од животот и спротивно на општото верување, многумина тврдат дека животот со текот на времето само се подобрува. Се подразбира, од самите нас зависи дали тоа ќе го прифатиме со позитивен или негативен став.
Кога се чувствувате добро, исто така и изгледате добро. Никогаш не треба да престанеме да се грижиме за нашето здравје и тело. Токму и Д-р Фил Николао вели: „Честопати слушам каколуѓето ми велат дека е доцна да се биде во форма! Јас сум премногу стар! Но тоа е далеку од вистината!“
Стареењето не е сидро што ве спушта, па така редовната грижа ќе го зајакне вашето емоционално, духовно, психолошко и физичко здравје.
Следните 10 мажи докажуваат дека стереотипите за стареење воопшто не треба да постојат и нè потсетуваат дека можеме да направиме чудо со нашето тело, без разлика на која и возраст да се наоѓаме во животот.
Овие мажи доаѓаат од сите сфери на животот, а повеќето од нив ги започнале своите кариери како модели по 50-годишна возраст. Фановите се едногласните – тие се како вино – се подобруваат со текот на возраста и го редефинираат концептот за постарите мажи.