Звучи неверојатно, но сменив неколку навики пред спиење и слабеев полесно!
Иако звучи неверојатно, но научно докажано е дека можете да изгубите килограми ако ги промените вашите навики пред спиење. Истражувањата покажуваат дека квалитативното спиење помага при губење на вишокот килограми, но позитивен ефект врз здравјето има и она што го правите пред да си легнете.
Еве кои навики можете да ги вклучите во својот вечерен ритуал, за да преминете чекор поблиску до идеалната фигура:
Јогата во вечерните часови е одличен начин за релаксација на целото тело, а длабокото дишење и лесните движења ќе го подобрат нервниот систем, и брзо ќе потонете во сон.
Избегнувајте консумирање на алкохолни пијалаци пред спиење, бидејќи тие имаат лошо влијание врз сонот. На овој начин, телото треба да го раствора шеќерот од алкохолот и поради тоа ќе се разбудите исцрпени и изморени, без разлика колку часа сте спиеле.
Потрошувачката на млечни производи помага да го избегнете чувството на глад, што се јавува во текот на ноќта, а тоа значи и помали шанси дека ќе се разбудите и ќе се во искушение да си каснете нешто. Млечните производи исто така помагаат во изградбата на мускулното ткиво за време на спиењето, а експертите препорачуваат консумирање на чаша млеко или јогурт пред спиење.
Спиењето во просторија со ниска температура go забрзува метаболизмот, што помага за согорување на калориите.
И конечно, задолжително пред спиење исклучете ги сите извори на светлина. Истражувањата покажуваат дека жените кои спијат во темни простории имаат поголеми шанси да ја избегнат дебелината за разлика од жените кои спијат во осветлени простории.