Не е лесно да се дефинира убавината, бидејќи вообичаено истата лежи во окото на набљудувачот и зависи од голем број индивидуални критериуми, при што честопати нема врска со физичкиот изглед.

Наместо тоа, важна е и внатрешната убавина, која се рефлектира конн надвор, а тоа е причинина зошто некои хороскопски знаци изгледаат како да ги засенуваат сите останати, а еве кои се тие:

1. Вага

Овој хороскопки знак често се смета за најубав и истите вообичаено ги краси  вродена елеганција. Почесто од останатите знаци, Вагите имаат симетрично лице, совршено обликувани усни, убави очи и слатки дупчиња на образите што ги прават различни, егзотични и, на крај, попривлечни од другите.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Скорпија

Тие се препознатливи по нивните нагласени карактеристики на лицето и големите очи во необична, воодушевувачка нијанса. Покрај продорниот изглед, Скорпијата може да се пофали и со сензуални усни, како и со убава, густа коса. Обично имаат витка фигура, а ги краси светол тен и мека и добро негувана кожа.

3. Јарец

Претставниците на овој хороскопски знак се познати по одличната и затегната фигура. Иако нивниот изглед е претежно просечен и неутрален, тие се истакнуваат со големи очи, најчесто во сина или сива нијанса и убава и искрена насмевка. Обично сакаат да се облекуваат добро, па убавата облека е она што ги издвојува од другите луѓе.