Кејт Мидлтон го откри едноставниот начин на кој успеа да ослабне толку брзо по породувањето
Војвотката од Кембриџ предизвикува воодушевување каде и да отиде. Кејт Мидлтон важи за сопственичка на совршена фигура, но нејзината фигура не се должи на гладување или часови поминати во теретана.
Тајната на одличната форма на принцезата лежи во идеалниот систем на исхрана т.е диетата на истакнатиот француски нутриционист Пјер Дукант. Тој разработил систем на исхрана кој не му наштетува на телото, а кој совршено се вклопува во ритамот на современиот живот. Истовремено, телесната тежина брзо се намалува, а килограмите не се враќаат.
Фази на диетата на Дукант
Фаза 1: Напад
Оваа фаза се смета за најинтензивна во однос на загубата на тежината. Менито главно се состои од протеинска храна од животинско потекло, како и производи со ниско ниво на масти. Времетраењето на фазата зависи од бројот на килограми кои сакате да ги симнете.
- До 20 кг – од 3 до 5 дена
- 20 – 30 кг – од 5 до 7 дена
- Повеќе од 30 кг – од 5 до 10 дена
Во целост, оваа фаза не треба да трае повеќе од 10 дена.
Одобрени производи за фаза 1
- Консумирање на 1,5 супени лажици овесни снегулки
- Консумирање на најмалку 1,5 литри чиста вода
- Говедско, телешко, пилешко месо, морски плодови, црн дроб, риба (варени, приготвени на пареа или скара)
- Јајца
- Нискомаслени млечни производи
- Лук, кромид
- Храната може да биде зачинета со оцет и зачини по ваш вкус
Фаза 2: Ротација
Оваа фаза е така наречена поради принципот на градење на режимот: Прв ден се внесуваат само протеини, а после првиот ден се внесуваат протеини со зеленчуци. Доколку бројот на килограми кои сакате да ги изгубите не надминува 10 килограми, тогаш оваа фаза треба да трае најмногу 5 дена. Доколку тежината надминува над 10 килограми, тогаш треба да го зголемите времетраењето на фазата.
Дозволени се следните производи
- Консумирање на 2 супени лажици овесни снегулки
- Консумирање на најмалку 1,5 литри чиста вода
- Протеинските производи од претходната фаза
- Домати, краставици, тиквички, модар патлиџан, пипер, грав, спанаќ, целер, морков, зелка, овошје со исклучок на банани, грозје и цреши
- 2 парчиња р’жан леб на ден
- 1 кафена лажица какао на ден (со млеко)
Производите од првата фаза може да ги консумирате колку сакате, но од дополнителните може да изберете само за оформување на дневното мени. Забрането е да се јадат компири, леќа, зрнеста храна, тестенини и авокадо.
Фаза 3
Во оваа фаза се нормализира телесната тежина. Времетраењето на истата, аналогно на претходната, зависи од количеството на првично измерената телесина тежина: 1 килограм – 10 дена.
Дозволени се следните производи
- Консумирање на 2,5 супени лажици овесни снегулки
- Консумирање на најмалку 1,5 литри чиста вода
- Сите производи од прва фаза
- Сите производи од втора фаза
- 40 грама на ден тврди, нискомаслени сирења
- 2 пати неделно се дозволува консумирање на тестенини, компир, грав и ориз
- 2 пати неделно, еден оброк може да биде заменет со јадење по ваша желба
- 1 ден во неделата треба да биде исклучиво протеински (според принципот на првата фаза).
Фаза 4: Стабилизирање
Оваа фаза е насочена кон полесен исход од диетата и е поврзана повеќе вообичаена храна која треба да стане начин на живот. Ограничувањата во оваа фаза се речиси незначителни.
Производи кои се дозволени
- Како и претходно, најмалку 1,5 литри чиста вода
- Консумирање на 3 супени лажици овесни снегулки
- 1 ден во неделата треба да биде исклучиво протеински (според принципот на првата фаза)
Доколку се исполнат сите услови, тогаш вишокот килограми брзо ќе се изгуби и истите нема да се вратат. Пред да ја започнете диетата, се подразбира, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар.