Еве како лесно да откриете дали козметиката што ја купувате е оригинална или лажна
Како што често е случајот со многу производи, како што се чантите и парфемите, така и козметиката која навидум изгледа оригинална, всушност може да е лажна. Еве како да го утврдите тоа.
1. Најпрво, не купувајте козметика од продавница која нема добра репутација
2. Обратете внимание на дизајнот на пакувањето
Ќе забележите дека дизајнот не е истиот како на оригиналниот производ кој претходно сте го купувале. Или пак, доколку по првпат го купувате, посетете ја официјалната страна на брендот за да видите како точно треба да изгледа пакувањето на производот.
3. Погледнете го баркодот
Баркодот на пакувањето треба да биде ист како баркодот на самиот производ. Исто така, оригиналните производи имаат состав преведен на многу јазици.
4. Проверете ги боите
Произведувачите кои сакаат да направат копија бараат начин како да ги променат боите или да им дадат нивни нови имиња. Проверете на официјалната страна на брендот дали постојат такви бои.
5. Структура и мирис
На пример, маскарата ако е копија може да мириса многу различно, посилно и понепријатно од оригиналот. Лажните кармини содржат грутки, а пудрите пак, немаат постојана текстура.
6. Четките може да бидат лажни
Четките кои се спакувани исто така може да бидат лажни, а тоа лесно може да се открие доколку ги здогледате малку повнимателно.
7. Тестирање на место
Земете тестер и забележете како се нанесува. Рамномерно или брзо? Доколку да, тогаш производот е оригинален. Во спротивен случај, копијата нема да изгледа добро на кожата.