6-месечно девојче со срцева маана и белодробни проблеми успешно го победи коронавирусот!
Ема и Вејн Бејтс долго време не можеле да имаат деца и поминале 10 години посетувајќи различни лекари и одејќи на бројни прегледи и поминувајќи неколку неуспешни обиди за вештачко оплодување.
Сепак, при последниот обид, среќата му се насмеа на овој пар и по 9 месеци се роди долгоочекуваното девојче, нивната ќерка Ерин. Но, проблемите на семејството не завршија тука. Набрзо, на девојчето му беше откриено многу редок вид на срцево заболување. За лекување на овој здравствен проблем беше неопходно Ерин да биде подложена на операција, за која лекарите одлучија девојчето најпрво да наполни 6 месеци.
Во Април оваа година, операцијата беше успешно направена, но по истата, за жал пак, кај Ерин беа утврдени други проблеми, овој пат со белите дробови. Неколку дена подоцна девојчето разви симптоми на коронавирус. Иако никој не знае како можело тоа да се случи, сепак резултатите од тестот биле позитивни.
Родителите биле премногу загрижени за нивното девојче, со оглед на тоа што поради нејзината возраст се плашеле како Ерин ќе се избори против вирусот. Во следните 3 недели девојчето .
По 3 недели лекарите направија втор тест и овој пат, резултатите беа негативни, што значи дека Ерин успешно го победи коронавирусот!