До 14 кг минус со вкусна комбинација од кисело млеко, јајце и уште 2 состојки
Многу луѓе кои безброј пати се обиделе да ослабнат и да се ослободат од здодевните вишок килограми, велат дека најчесто издржуваат најмногу 2-3 дена држејќи диети, а пртиоа се чувствуваат гладни.
Но, сега повеќето се едногласни дека режимот на оваа импровизирана салата, која се прави многу брзо и лесно, е неверојатно решение со кое ги постигнуваат нивните посакувани резултати.
Тајната на успехот е оваа салата да ја вклучувате во менито секоја вечер и за 1 месец може да ослабнете дури до 14 килограми.
Вкусна салата за моќно слабеење
Потребни состојки
- 1 краставица
- 50 гр конзервиран грашок
- 150 гр кисело млеко
- 1 јајце
- Копар и магдонос по ваша желба
Начин на подготовка
Исечете ја краставицата на мали парчиња. Додадете ја во длабок сад, а потоа кон истата додадете ги грашокот и киселото млеко. Исечете го и јајцето и додадете го кон останатите состојки. Полејте ги истите со зејтин и добро измешајте.
При сервирање, нанесете ги исечените зачини врз салатата, а може да посолите и со малку морска сол.
Начин на употреба
Салата е неопходно да се консумира секоја вечер, а може да ја комбинирате со парче тврдо сирење или леб од хељда. Најдобро е да ја консумирате 3 часа пред спиење.
Воедно, со цел салатата да ги даде посакуваните ефекти, мора да внимавате што јадете и во текот на целиот ден, при што вкупниот калориски внес не треба да надминува 1800 калории.