Брзи мекици од двојно млечно тесто – Не ги чекаш да втасаат, само кинеш и пржиш
Ајде на мекици! Денес ви предлагаме да приготвите тесто од квасец, кое не треба премногу да го месите или да го чекате да втаса, бидејќи овие чудесни мекици се исклучително лесни и брзи!
Брзи мекици од двојно млечно тесто
Ајде на мекици! Денес ви предлагаме да приготвите тесто одквасец, кое не треба премногу да го месите или да го чекате да втаса, бидејќиовие чудесни мекици се исклучително лесни и брзи!
Servings: 4
Ingredients
- 500 гр брашно
- 1 јајце
- 150 гр кисело млеко
- 90 мл пресно млеко
- 20 гр свеж квасец (или 7 гр сув квасец)
- 1 кафена лажица сол
- 1 супена лажица шеќер
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- Колку што е потребно масло за готвење
Instructions
- Растворете го квасецот заедно со шеќерот во половинакафена шолја топла вода и измешајте.
- Во соодветен сад, пресејте го брашното, додадете сол покраевите, направете вдлабнатина и во внатре скршете го јајцето, додадете гокиселото млеко, во кое претходно сте ја измешале содата. Додадете го и преснотомлеко и на крај, смесата со квасецот.
- Додадете и сосема малку масло за готвење, околу 1 супеналажица во самото тесто. Измешајте со лажица, до добивање на меко и лепливотесто. Замесете го уште малку тестото и пржете.
- Тестото треба да е лепливо. Може да го оставите да отстои10 минути, но можете и веднаш да започнете со пржењето.
- Во сад исипете малку масло за готвење, во кое ќе гипотопувате рацете, за да полесно ги оформите мекиците. Одделувајте топчиња одтестото, со големина на орев, формирајте мекици и додадете ги во маслото да сепржат. Пржете на не многу силен оган, со цел тестото да не изгори пребрзо.
- Штом ќе се испржат од двете страни, преместете ги нахартија за да се впие вишокот масло.