Црвенокосо бело бебе се роди во семејство на афроамериканци, а по ДНК тестот настана уште поголемо зачудување
30-годишната Ебони Лампкин од американската држава Вирџинија веќе беше мајка на 5-годишно девојче, но често размислуваше и за второ дете. Наскоро, нејзините планови се претворија во реалност.
Ебони дозна дека е бремена, но и покрај желбата на неа и нејзиниот сопруг да имаат второ девојче, парот дозна дека очекува момче.
Цели 9 месеци Ебони исклучително се грижела за себе во текот на бременоста, се хранела правилно, спиела квалитетно, ги земала потребните витамини, одмарала и поголемиот дел го поминувала во својот дом. Воедно, имала огромна помош и од својот сопруг.
Тоа што повторно очекувале девојче имало огромна предност, бидејќи на тој начин, немало потреба да купуваат нова облека. Но, по 9 месеци ги дочекало огромно изненадување, се родило момче. Но, кожата на бебето била многу посветла од онаа на неговите родители, што предизвикало низа прашања. Како може во семејство на афроамериканци да се роди бебе со светла кожа и црвена коса?
Во еден момент, сопругот започнал да се сомнева во верноста на Ебони и притоа, колку тоа и да й паднало тешко, самата мајка предложила да направат ДНК тест, а по истиот сите сомневања исчезнале. Татко на детето бил нејзиниот сопруг.
Сите ги виделе резултатите, а лекарите, како и членовите од семејството едноставно се зачудени како е ова возможно.