Зошто страдаме од прекумерна тежина? Производите кои сме навикнати да ги јадеме речиси секојдневно и мислиме дека се корисни, создаваат кисела средина во организмот. Како резултат на тоа се забавува метаболизмот, ние се здебелуваме и често страдаме од разни болести. Но, добрата вест е дека постои листа на храни, кои помагаат за одржување на кисело – алкалната рамнотежа на организмот. Тие се нарекуваат алкални храни.

Алкалните храни се богати со минерали, витамини и други соединенија. Ако вклучите некои од овие производи во вашата исхрана, не само што ќе ослабите, ќе се чувствувате енергични по само неколку недели.

Еве некои од нив:

Спанаќ

Има ли нешто покорисно од спанаќ? Тој содржи многу антиоксиданси, малку холестерол и масти, доволно количество на витамин А, Б6, Ц и К, калиум, цинк, ниацин, магнезиум и калциум. Одамна е познато дека овој производ ја подобрува меморијата , помага да се избегнат многу срцеви заболувања и го стимулира мозокот.

Диња

Не само што е многу вкусна туку е и многу корисна. Дињата содржи големи количини вода. Истражувањата покажуваат дека таа ги исфрла токсините од телото побрзо од многу други познати производи.

Карфиол

За да го обезбедиме телото со потребната доза од витамин Ц, треба само да вклучиме во менито доволно количество … карфиол! Дали сте изненадени? Карфиолот го подобрува здравјето на срцето поради содржината на витамин К, калиум, манган и рибофлавин.

Лимон

Покрај витаминот Ц, што секој знае, лимонот содржи и витамини Е и Б6, бакар, рибофлавин, цинк, калциум и калиум. Лимоновиот сок го намалува ризикот од мозочен удар и дури ги уништува камењата во бубрезите. Ако имате висок крвен притисок или често страдате од запек, не заборавајте да го вклучите лимон во вашата секојдневна исхрана.

Банана

Познато е дека луѓето со срцеви заболувања се должни да јадат банани секој ден. Но, малкумина знаат дека овој плод, исто така помага за балансирање на шеќерот во крвта, го заситува организмот со магнезиум, калиум и витамини од групата Б.

Грозје

Поради високата концентрација на антиоксиданси, грозјето го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево, на белите дробови, панкреасот, простатата и усната шуплина.

Маслиново масло

Се почесто, наместо сончогледовото масло, се користи маслиновото масло. Маслиновото масло е богато со витамин Е, антиоксиданси и мононезаситени масни киселини. Користете го често и ќе бидете во можност да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

Авокадо

Авокадото содржи хранливи материи, мононезаситени масни киселини и влакна, ја подобрува работата на срцето и го контролира нивото на холестерол.

Морков

Уште од детството, родителите ни велат дека морковите се корисни за видот. Овој зеленчук има многу предности. Тој содржи железо, растителни влакна, калиум, витамини А, В8, Ц и К. Морковите го подобруваат процесот на размислување.

Брокула

Овој зеленчук ја подобрува срцевата активност и здравјето на коските. Тој го намалува холестеролот и помага за борба против ракот. Освен со железо, овој производ е богат со влакна , бакар, калиум и витамин Б6, Ц, Е и К.

И киселата и алкалната храна се важни за телото. Да го изберете едното и да го игнорирате друго, е многу погрешна одлука. Доволно е да ги додадете овие производи кон исхраната и не само што ќе ослабите, но и ќе го зголемите протокот на енергија и ќе го подобрите расположението.

Бидете здрави!