Чизкејк со боровинки – Најлесниот рецепт што постои и вкус на кој не може да му се одолее
Ако денес баравте рецепт за што убаво и слатко да им приготвите на вашите најблиски, тогаш следниот чизкејк со боровинки е токму она што ви треба! Неверојатно лесен и извонредно вкусен!
Чизкејк со боровинки
Ако денес баравте рецепт за што убаво и слатко да им приготвите на вашите најблиски, тогаш следниот чизкејк со боровинки е токму онашто ви треба! Неверојатно лесен и извонредно вкусен!
Servings: 4
Ingredients
- 200 гр бисквити
- 400 гр кисела павлака
- 175 гр крем сирење
- 125 гр путер
- 3 супени лажици шеќер
- 240 гр слатко од боровинки
Instructions
- Сомелете ги бисквитите, а потоа кон истите додадете го растопениот путер и добро измешајте ги состојките.
- Добиената смеса исипете ја во соодветен сад и порамнете ја на дното користејќи чаша, со цел да се оформи пандишпан, односно основа на чизкејкот. Складирајте во ладилникот.
- Во меѓувреме пригответе го филот: Исипете ги павлаката, крем сирењето и шеќерот во еден сад и со лажица заедно измешајте ги.
- Извадете го бисквитното тесто од ладилникот и врз истото исипете го филот. Порамнете со лажица и оставете го 2 часа да отстои во ладилникот.
- На крај, извадете ги чизкејкот од ладилникот, нанесете го слаткото од боровинки одозгора и вратете го десертот во ладилникот, да отстои дополнителни 3-4 часа.