„Непцата ми станаа многу повлечени, не можев ни да се насмевнам, сè додека забарката не ми го даде овој лесен рецепт“
Непцата претставуваат меко ткиво кое го покрива коренот на забот и го задржува на своето место. Нивното повлекување може да доведе до појава на бактерии и до загуба на самите заби.
Со цел да го спречите овој проблем, токму денес ви откриваме еден многу едноставен, а моќен домашен рецепт со кој ќе ги обновите вашите непца.
Се подразбира, забарот е оној кој може најдобро да ви помогне за овој проблем и особено ако станува збор за потешка инфекција, треба да го посетите истиот, но при полесен облик на повлечени непца, може да го пробате следното природно средство.
Домашно средство за лекување на повлечени непца – Природно и лесно
Станува збор за алое верата, кое е неверојатно популарно растение токму поради неговите чудесни лековити својства. При повлечени непца, алое верата може да се користи за лекување на воспаление, за регенерација на оштетените ткива и да ги спречи инфекциите, благодарение на нејзините антивоспалителни својства.
Начин на употреба
Алое верата може да ја користите како течност за уста. Измешајте ја со мало количество на вода и направете гаргара со добиениот раствор, откако ќе ги измиете забите. Исто така може да нанесете малку алое вера врз вашата четка и да ги миете забите 3 до 5 минути на овој начин, а потоа да исплакнете.