Во 2006-та година Мадона посвои момче од Малави, а еве како тоа изгледа денес
Мадона важи за една од најуспешните пејачки на сите времиња, односно таа е кралица на поп музиката, а воедно таа е горда и среќна мајка на вкупно 6 деца.
Со поранешниот партнер Карлос Леон, пејачката ја има ќерката Лурдес, а откако се омажи за Гај Ричи, се роди синот Роко, а малку подоцна семејството посвои момче од Малави, кое го доби името Дејвид. По разводот со познатиот режисер, Мадона посвои уште 3 деца од Африка.
Денес ви ја претставуваме приказната за нејзиниот најстар посвоен син.
Дејвид Банда Чиконе-Ричи е посвоен од Мадона во 2006-та година. Момчето ја загубило неговата биолошка мајка за време на раѓањето, а татко му бил толку сиромашен, што едноставно го напуштил своето дете. Пристигнувајќи во Малави, пејачката реши да го посвои 13-месечното бебе.
Мадона избрала да го посвои токму малиот Дејвид покрај стотици други деца, бидејќи момчето боледувало од пневмонија и му била потребна итна медицинска помош. Пејачката му го спасила животот, но процесот на посвојување бил доста проблематичен. Според тамошните закони, родителите мора да живеат во државата најмалку 1 година, па потоа имаат право на посвојување, но Мадона уште следниот ден одлетала бидејќи морала да се врати поради обврските дома.
Кога Дејвид имал 2 години, Мадона се разведе од Гај Ричи, а момчето заедно со Роко беа принудени да живеат на различни страни. Денес децата и понатаму го посетуваат режисерот и тој често пати е фотографиран како се шета со нив.
Во 2017-та година, Мадона отпатува со момчето во неговото родно место Малави, каде покрај посета на хуманитарната организација за зашитата на децата, Дејвид се сретна и со сопствениот биолошки татко.
И покрај тоа што момчето не е биолошко дете на пејачката, истото е неверојатно талентирано. Дејвид умее извонредно да пее, танцува и произведува музика, а Мадона често ги споделува неговиоте видео снимки на социјалните мрежи.
Малку подоцна момчето го покажа и својот друг талент, откако започна да игра фудбал. Пејачката дури отпатува и во Португалија за да може заедно да биде со нејзиниот син и да го бодри во неговата професија. Мадона во една пригода изјави дека нејзиниот посвоен син некој ден ќе стане претседател на Малави.
Сè уште не сигурно каква иднина ќе има младиот Дејвид, но едно е сигурно, Мадона прави сè што е во нејзина можност за момчето полно со надеж!