3-те домашни состојки со кои и најтврдото месо повторно ќе стане кревко и сочно
Многу често поради обврските, повеќето имаат малку време да приготват месо. Како може свинско или говедско месо да стане меко и вкусно за кратко време? Токму денес ви ги откриваме 3-те тајни состојки!
Благодарение на следните 3 домашни состојки може лесно да ја спасите кулинарската ситуација, бидејќи истите имаат моќ да го омекнат и најтврдото месо. Еве кои се тие:
1. Кромид
Многумина ќе се согласат дека без кромид месото и онака не вкусно. Може да го насечете кромидот на полумесечини или да го сомелете истиот, а потоа измешајте го со месото во сооднос 1:1 и така оставете го да отстои неколку часа.
2. Сенф
Оваа состојка е неверојатен сојузник на месото! Без разлика дали е во течна форма или во прав, не само што целосно го омекнува месото, туку му додава и пикантна арома. Сè што треба да направите е да го премачкате парчето месо со сенф и да го оставите да отстои 15-20 минути, а потоа поставете го да се пржи или пече.
3. Алкохол
Сувото вино (црвено или бело), пиво или вотка исто така се неверојатни помошници кога станува збор за омекнување на месото. Претходно потопете го месото во вино, а потоа додадете околу 50 грама вотка кон веќе приготвеното месо. Пивото пак е одлично за збогатување на вкусот на свинското и говедско месо.
Не треба да се плашите од користењето на оваа состојка, бидејќи алкохолот целосно испарува при готвењето.
Газираната вода, соја сосот и нишестето се уште една супер алтернатива за оваа цел, доколку во случај ги немате горенаведените состојки за време на приготвувањето.