Без разлика дали се свежи или замрзнати, нема никакво негирање дека јагодите се популарен плод, но тие исто така се здравствена “бомба”.

Здравствените предности на јагодите вклучуваат подобрување на видот, правилна мозочна функција, намалување на висок крвен притисок, артритис, гихт и различни кардиоваскуларни заболувања. Големото количество на полифеноли и антиоксиданси ги прави јагодите корисни за подобрување на имунолошкиот систем, спречување на разни видови рак и намалување на знаците на предвремено стареење.

Јагодите се користат за сладоледи, џемови, сирупи, колачи и дури во лекови поради исклучително богатиот мирис, вкус и боја. Тие можат да се консумираат и свежи. Знаеме дека сите плодовите се богати со антиоксиданси, што значи дека тие се корисни за вашето здравје и ги штитат вашите органи од токсични напади.

Еве неколку совети како да оберете убави, слатки и здрави јагоди.

1.Боја

Зрелите јагоди треба да се црвени и сјајни. Белите и зелените делови се знак дека јагодите не се зрели и не треба да ги купувате, бидејќи ако на нив има зелено, тие не можат да созреат.

2. Ливчиња

Прво, избегнувајте јагоди кои немаат ливчиња. Второ, избегнувајте јагоди со суви лисја и цветови. Листовите треба да се светло зелени.

3. Семиња

Друг начин за избирање на убави јагоди – колку семињата се подалеку распоредени и подлабоко во овошјето, толку послатки се јагодите.

4. Мирис

Зрелите и вкусни јагоди секогаш имаат сладок мирис. Колку повеќе мириса – толку помалку има хемикалии.