Природен лек за витилиго
Витилиго е еден вид на пигментно заболување од кое се губи бојата на кожата. За оваа болест се смета дека е неизлечива, но сепак постои природен начин на кој ќе може да се спречи ширењето на болеста и да се намалат белите флеки. Оваа болест не е заразна и се појавува и кај мажите и кај жените, без разлика на годините.
Состојки:
– 1 килограм таан од сусам
– 4-5 домашни лимони (да не бидат прскани)
Подготовка:
Лимоните се мијат и се ставаат во голема тегла, а потоа се прелеваат со таан. Теглата се покрива со газа и се остава да отстои до 15 дена. Земајте по една супена лажица, три пати на ден, еден час пред секој оброк. Таанот има доста маснотии во него, па затоа ќе треба да си правите редовна контрола на маснотиите во крвта. За да има видливи резултати потребно е да консумирате 2 до 3 месеци.