Новата француска диета ви овозможува да симнете 5 кг за 2 недели
Новата француска диета која ги освои дамите ширум светот е предоредена да трае 14 дена, временски период за кој, доколку правилно ја држите диетата и ги почитувате правилата, може да симнете 5 килограми.
Нејзината моќ се состои во тоа што и покрај малиот внес на калории, истата може многу да ве засити. Строго е ограничена консумацијата на сол, шеќер, десерти, а намален е внесот на лебот, тестенините и алкохолот. Менито за втората недела е исто, односно се повторува.
Мени за новата француска диета
Ден 1
- Појадок: Шолја кафе
- Ручек: 2 тврдо сварени јајца, салата и 1 домат
- Вечера: 1 мало парче варено посно месо и зелена салата
Ден 2
- Појадок: Шолја кафе и парче леб
- Ручек: Парче варено месо
- Вечера: Шунка или варени колбаси и зелена салата
Ден 3
- Појадок: Шолја кафе и парче леб
- Ручек: Пржени моркови, домат и портокал
- Вечера: 2 варени јајца, колбаси и зелена салата
Ден 4
- Појадок: Шолја кафе и парче леб
- Ручек: 1 варено јајце, свежи моркови, 2-3 парчиња сирење
- Вечера: Овошна салата и шолја кисело млеко
Ден 5
- Појадок: Изрендани моркови со сок од лимон
- Ручек: Варена риба и 1 домат
- Вечера: Парче варено месо
Ден 6
- Појадок: Шолја кафе
- Ручек: Парче варено пилешко месо и зелена салата
- Вечера: Парче варено месо
Ден 7
- Појадок: Шолја чај
- Ручек: Парче варено месо и овошје
- Вечера: 2-3 парчиња шунка