Замислете си само: Печени компири со нежно растопен кашкавал, малку вцрвенета шунка и богата арома на чудесни зачини! Само помислата на вакво вкусно јадење може да ве натера за момент да заборавите на диетите!

Компири на чудесен начин

Замислете си само: Печени компири со нежно растопен кашкавал, малку вцрвенета шунка и богата арома на чудесни зачини! Само помислата на вакво вкусно јадење може да ве натера за момент да заборавите на диетите!
Total Time1 hour
Course: Главно јадење
Cuisine: Американска
Клучни зборови: кашкавал, компири, печени компири
Servings: 4

Ingredients

  • 600-700 гр компири
  • 2 јајца
  • 200 гр сирење
  • 150 гр шунка
  • 150 гр кашкавал
  • 50 гр путер
  • По вкус чубрика и мелен црн пипер

Instructions

  • Измијте и сварете ги компирите, заедно со нивната лушпа. Штом ќе се изладат, излупете и изрендајте ги во еден сад. Во истиот додадете ги путерот, мелениот црн пипер и чубриката.
  • Потоа во садот додадете ги и јајцата, изренданото сирењеи шунката, претходно исечена на мали коцки. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената смеса исипете ја во соодветен сад, претходно премачкан со масло за готвење.
  • Поставете го вкусното јадење да се пече 30 минути на 200°C, а потоа одозгора додадете го и изренданиот кашкавал и вратете го во рерната уште малку, до добивање на златна кора одозгора.