„Ги полевам растенијата еднаш на 2 недели и сè расте 3 пати побрзо – Домашен стимуланс за моќен раст“
Секој кој одгледува растенија во сопствена градина или двор, ќе биде бескрајно благодарен за ова домашно органско ѓубриво – вистински моќен стимуланс за нивниот раст.
За подоготвка на истиот ви е потребно нешто што сите ние најчесто го фрлиме, односно станува збор за лушпите од јајцата. Благодарение на иститие, растенијата никогаш не страдаат од гниење, поради големото количество на калциум што се наоѓа во лушпите.
Домашно ѓубриво од лушпи од јајца
Начин на подготовка
Со цел да го приготвите ова домашно ѓубриво, земете соодветен сад, на пример, 3-литарска тегла и наполнете 2/3 од истиот со лушпи од јајца, а потоа полејте ги истите со обична вода, приближно до грлото на теглата. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои 5-7 дена, а од време на време, мешајте или протресувајте ги лушпите.
По одредено време растворот ќе започне да се заматува, ќе ја промени неговата боја, ќе се покрие со пена и ќе се појави специфичен мирис. Ова се знаци дека ѓубривото е готово.
Начин на употреба
Готовата инфузија се разредува со вода во сооднос 1:4 и сите растенија се полеваат на вообичаениот начин еднаш на секои 14 дена. Домашното ѓубриво на растенијата ќе им ги даде неопходните елементи како железо, силициум, калциум, различни аминокиселини, кои сите заедно ќе придонесат за значителен раст на растенијата.
Фактот што покрај неговиот моќен ефект, воопшто не мора да трошите пари за подоготвка на ѓубривото, го прави едноставно идеално домашно средство за вашата градина!