Тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина – Без грам путер или масло
Ако класичните пржени тиквички ви здосадиле, тогаш ви предлагаме да ги пробате следните тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина одвнатре. Најдоброто од сè е што истите се диетални!
Тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина
Ако класичните пржени тиквички ви здосадиле, тогаш ви предлагаме да ги пробате следните тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина одвнатре. Најдоброто од сè е што истите се диетални!
Servings: 4
Ingredients
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 150 гр кашкавал
- 50 гр лебни трошки
- 4 супени лажици брашно
- 1,5 кафена лажица сол
- 1 кафена лажица мелен црн пипер
Instructions
- Бидејќи тиквичките се приготвуваат брзо, веднаш вклучете ја рерната да се загрее на температура од 180°C. За подготовка на овој рецепт, најдобро е да изберете млади тиквички.
- Измијте ги тиквичките, исушете ги, исечете ги краевите и од двете страни и исечете ги на половина. Исечете ја секоја половина по должина на 2 дела и исечете ги на парчиња.
- Поставете ги исечените тиквички во соодветен сад, додадете сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус и избор. Оставете ги тиквичките да отстојат така 15 минути.
- Во меѓувреме подговете ја смесата за похување. Ситно изрендајте го кашкавалот, измешајте го со лебните трошки и добро измешајте. Изматете ги јајцата со малку сол.
- Похувајте ги готовите тиквички. Прво поставете ги во брашно, потоа потопете ги во јајце, а на крај во смесата од кашкавал. Вак аподготвени, поставете ги тиквичките во сад, покриен со хартија за печење.
- Поставете го садот во загреана рерна и печете околу 30 минути, до образување на вкусната крцкава кора од кашкавал. Тиквичките може да ги сервирате и топли и ладни, со сос од кисела павлака и лук.