Секогаш сигурен, стабилен и внимателен, тој добро се справува со секоја ситуација, што го прави совршен партнер и пријател на кој секогаш може да се потпрете и бескрајно да му верувате.

Станува збор за Бик. Луѓето родени во овој хороскопски знак прават сé во животот добро размислувајќи и планирајќи ги нивните постапки, цели и чекори.

Биковите имаат дарба за одлична меморија и иако не се злопамтила, тие ќе ве третираат со претпазливост ако им направите некаква штета.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Сепак, откако ќе се поврзат и  заљубат во вас, не пости нешто што не би го направиле за вас. За Бикот, успешна врска се постигнува само кога тој ќе добие целосна доверба во вас и кога ќе му докажете дека секогаш стоите зад своите зборови.

Тој никогаш не игра игри и се грижи за чувствата на другите луѓе, така што може да очекувате целосно директно и искрено мислење од него. Кога ќе открие дека може да ви верува, Бик со задоволство ќе ви се довери и воедно ќе ги чува вашите тајни, доколку е потребно, засекогаш.

Биковите секогаш ги исполнуваат своите ветувања и сите свои цели, а односите со најблиските ги сметаат за сериозни и важни, па истото го очекуваат и од вас.