Еве колку навистина често треба да ја менуваме постелнината во спалната соба – 3 важни фактори, за кои малкумина се свесни
Дали сте сигурни дека знаете кога е вистинското време да ги исперете чаршафите и целата постелнина од спалната соба? Според експертите, тоа зависи од неколку фактори, за кои не сме ни свесни.
Многумина ќе речат дека постелнината треба да ја менуваме на секои 2 недели, но американскиот експерт за хигиена, Лора Гудман вели дека од голема важност е во предвид да ги земеме следните 3 клучни фактори:
1. Возраст
Според светските стандарди, постелнината на дете на возраст од 3 до 10 години треба целосно да се менува на секои 3 дена. Ова особено важи за навлаките на перниците, на кои најмногу се наталожува нечистотијата, која лесно може да предизвика воспалување на кожата. За возрасните, постелнината треба да се менува на секоја 1 недела.
2. Временски период во годината
Во летниот временски период неопходно е 2 пати повеќе, односно почесто да ја менувате постелнината за разлика од зимскиот период. Најпрво, бидејќи летно време, нашето тело многу повеќе се поти, а второ, спиењето во чисти услови, ќе го подобри квалитетот на нашиот сон.
3. Индивидуални особини
Доколку сте болни, често се потите (на пример, од стрес), имате проблеми со првутот, воспаление на лицето, имате честа навика да си легнувате со шминка или претпочитате да спиете голи, тогаш неопходно е постелнината да ја менувате на секои 2 дена, а самите навлаки на перниците треба да ги менувате секојдневно,
Истото важи и за луѓето со чувствителна кожа.