Следниот тројно чоколаден десерт е вистински кулинарски рај за љубителите на вкусот на какаото. Совршено сочната структура и чоколадната глазура ја даваат идеалната комбинација и избор додека го пиеме кафето.

Чоколаден колач со тројно сочен вкус

Следниот тројно чоколаден десерт е вистински кулинарски рај за љубителите на вкусот на какаото. Совршено сочната структура и чоколадната глазура ја даваат идеалната комбинација и избор додека го пиеме кафето.
Total Time1 hour
Course: Десерт
Cuisine: Француска
Клучни зборови: чоколаден десерт, чоколаден колач, чоколадна торта
Servings: 4

Ingredients

За тестото

  • 210 гр брашно
  • 35 гр какао
  • 180 гр шеќер
  • Прстофат ванила
  • Половина кафена лажица сол
  • 10 гр пециво
  • 240 мл пресно млеко
  • 75 мл масло за готвење

За глазурата

  • 1 чоколада
  • 3-4 супени лажици пресно млеко
  • 20 гр кокосови трошки

Instructions

  • Исипете ги брашното, шеќерот, какаото, пецивото, прстофат сол и ванилата во длабок сад и добро измешајте ги сите состојки заедно со маталка. Потоа додадете го млекото и маслото и измешајте до добивање една соединета смеса.
  • Изберете сад за печење со дијаметар од 20 цм, покријте го неговото дно со хартија за печење и премачкајте ја истата, како и ѕидовите со масло за готвење.
  • Во садот исипете го тестото, порамнете и поставете го десертот да се пече 45 минути во претходно загреана рерна на 170°C. Проверете колку колачот е готов со чепкалка за заби.
  • Следно, сварете околу 50 мл какао (какао со вода и малкушеќер) и исипете го врз површината и страните на колачот.
  • Искршете ја чоколадата во сад, додадете 3-4 супени лажици пресно млеко и растопете ја смесата во микробранова печка до добивање една хомогена смеса, а потоа полејте ја глазурата врз колачот и нанесете ги кокосовите трошки.