Енергетски бомбици за витка половина, без грам шеќер – Се насладувате и слабеете истовремено
Секој од нас сака да ужива во вкусните јадења и слатките десерти, без тоа да се одразува на нашата тежина, но дамите особено знаат колку е тешко ова, особено кога ќе се наталожат вишокот килограми.
Но, диеталниот рецепт кој денес го подготвивме за вас става крај токму на овој стереотип, односно со овие вкусни бомбици ем ќе уживате во богатиот вкус, ем истовремено ефикасно ќе слабеете! Прочитајте во продолжение како да ги приготвите.
Енергетски бомбици за витка линија
Потребни состојки
- 100 гр урми без семки
- 100 гр суви смокви
- 100 гр суво грозје
- 200 гр јаткасти плодови по ваш избор
- 100 гр кокосови трошки
- Малку ванила и рум
Начин на подготовка
Потопете ги сувите плодови во вода да отстојат половина час, а потоа добро прецедете ги. Сомелете ги јаткастите плодови и кон истите додадете ги сите преостанати состојки.
Добро измешајте ги состојките во блендер или со помош на пасатор, до добивање на тесто со леплива текстура. Од истото оформете ги топчињата, а на крај енергетските бомбиците декорирајте ги со кокосовите трошки.